Промовирана платформата „Пријателите на Шара“
Пред платото на Домот на културата Иљо Антески Смок во Тетово денеска се одржа првиот промотивен настан на платформата на здруженијата на граѓани од тетовскиот регион „Пријателите на Шара“.
Оваа неформална платформа е составена од здруженијата „Институтот за развој на заедницата“ од Тетово, планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово и „Центарот за едукација и развој“ од Теарце со цел поддршка на процесот за прогласување на Шар Планина за национален парк како и едукација на граѓаните за придобивките од идното заштитено подрачје.
Активностите на платформата „Пријателите на Шара“ се поддржани од проектот „Зачувување на биолошката разновидност преку одржливо управување со ресурсите на Шар Планина“ којшто го спроведува Македонско еколошко друштво (МЕД) со финансиска поддршка на Фондацијата Еуронатур и Германската федерална агенција за животна средина (DBU). Според проектната координаторка од МЕД Фросина Пандурска Драмиќанин целта на денешната активност е иницијативата за прогласување на Шар Планина како национален парк е да не биде од затворен тип во што ќе бидата вклучени само неколку невладини организации туку во неа својата подршка да ја искажат сите граѓани но и други организации и институции.
- Има многу позитивни примери за едно подрачје да стане национален парк или парк на природата како што е развојот на еко туризмот и појава и развој и на други дејности како промоција на рачни изработки, заштитени брендови и слично. Шар планина е само еден од регионите и местата во Македонија каде е забележително негативното влијание на човекот врз природата како илегална сеча и криволов, прекумерно искористување на ресурсите и уништување на растителниот и животинскиот биодиверзитет. Едно истражување на МЕД покажа дека граѓаните се и премногу свесни дека Шара се уништува но оти е потребно поголема контрола на постојните надлежни институции, изјави Пандурска Драмиќанин.
Според Сретен Коцески од ИРЗ, освен овој настан платформата "Пријателите на Шара" предвидува организирање на едукативни јавни настани, трибини, состаноци со локалното население и планинарски тури.
Во рамките на денешните активности тетовци имаа и можност да ги проследат настапите на музичките групи High Control и Këpurdhat (Печурките) од Тетово.
Ново на Сител
-
Во регистарот на ДКСК евидентирани 1916 возила согласно роковникот на за локалните избори
-
„Дружба“ повторно активен: Унгарија ја обнови испораката на нафта
-
Арсенал суспендираше 17 свои навивачи
-
На ГП „Табановце” и на „Богородица“ се чека до 30 минути
-
Во сабота почнува дваесетдневниот увид во Избирачкиот список за локалните избори
-
Трамп: САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка
-
Бесент: Има напредок во трговските преговори меѓу САД и Кина
-
Блумберг: По средбата со европските лидери, Трамп од Орбан побара укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ