Промовиран Советник за потребите на слепите лица

Советник за потребите на лицата со оштетен вид во Република Македонија кој има за цел олеснување на нивниот секојдневен живот, пристапот до здравствена и социјална заштита и образование, но и зголемување на можностите за нивно вработување и интегрирање во општеството, беше промовиран денеска од Црвениот крст на Град Скопје и Националниот сојуз на слепи во РМ во рамки на проектот „Сподели светлина“.
- Овој советник претставува една поконкретна форма на потребите на лицата со оштетен вид затоа што многу пријателски со нив разговараме што е тоа што им е потребно за лицата да можат да се интегрираат и комплетно да ги стават на располагање сите квалитети на нивните личности во развојот на нашето општество, рече .... од Црвенот крст на Град Скопје.
Советникот, додаде, е можност за сите оние кои на некаков начи сакаат на слепите лица или лицата со оштетен вид да им помогнат, да се информираат за тоа кои се нивните вистински потреби.
Претседателот на Националниот сојуз на слепи лица Жарко Селковски истакна дека тој ќе биде од голема помош за овие лица, зошто рече, во него се констатирани сите нивни потреби.
- Тој ги опфаќа сите сфери на општествениот живот, од здравството, областа на социјалната заштита и сигурноста, потребите за поквалитетно образование во кое се опфатенеи и инклузивното и социјалното училиште, пристапноста до информации, културата, спортот и сите други општествени потреби кои ги имаат нашите членови, рече Селковски.
Советникот е објавен на македонски јазик и брајово писмо. Тој е издаден со помош на компанијата Рош-Македонија. Претставникот на компанијата Ернест Дебрешлиоски истакна дека Советникот е дел од поширока кампања „Сподели светлина“ и оти со него се прави чекор напред во развбирањето на потребите на овие лица и приоритетите во поддршката што треба да им биде наменета ним.
Советникот е збир на резултати од истражување за потребите на лицата со оштетен вид во Република Македонија кое се спроведувало во 2015 година. Истражувањето било спроведено преку три средби со фокус групи и тоа со лица со оштетен вид, родители на деца со оштетен вид и професионалци кои работат со/или во доменот на лицата со оштетен вид.
Од вкупниот број на население кое живее на територијата на Република .Македонија околу 2.470 лица се регистрирани како слепи лица т.е. лица со оштетен вид. Од Црвениот крст истакнуваат дека оваа бројка е на лица кои се официјално регистрирани, но претпоставуваат дека реалната бројка на слепи лица-лица со оштетен вид е поголема.
Ново на Сител
-

Бран протести низ Бугарија: Како одговор на граѓанскиот гнев предлог-буџетот е повлечен, но притисокот за предвремени избори продолжува
-

Руте: Само Трамп може да го надмине ќорсокакот во војната во Украина
-

Приведен дрвокрадец од село Мартолци, Општина Чашка
-

1300 евра казна за камиони кои со кал на гумите се вклучувале во сообраќај од градилиште во Аеродром
-

Од 110.000 на 50.652 – бројката на регистрирани сообраќајни прекршоци преполовена за еден ден
-

Стевче Трпковски нов директор на „Дрисла“, Владимир Кроневски на „Градски паркинг“
-

Еве како се шверцуваат цигари во камиони на ГП Ново Село | ВИДЕО
-

Дечињата од кикбокс клубот Fight Gym M4 со 9 медали на „PHX CUP Germany 2025“
