-->
-->
Промовиран нов проект за земјоделците - Агро бизнис зона Македонија
-->
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска промовираше нов проект за земјоделците наречен Агро бизнис зона Македонија што подразбира интегрирана зона во која на едно место ќе бидат застапени и сконцентрирани складишни центри, трговци и компании, како и други претставници на синџирот за набавка на свежи и преработени земјоделски производи.
Проектот, како што истакна на денешната прес-конференција, е комплексен и неговото организирање и изградба ќе започне во третата четвртина од годинава и ќе трае во текот на цела 2017 година, а функционален ќе биде во 2018 година. Зоната ќа биде во централна Македонија, а во моментов се предлага да биде лоцирана во Неготино.
- Агро бизнис зоната ќе овозможи собирање на свежото земјоделско производство и негова дистрибуција кон крајните потрошувачи, во и надвор од државата. Главните бизнис активности што ќе се нудат во зоната ќе бидат калибрирање, пласирање, пакување и разладување, определување цена на берза, утовар и дистрибуција и купопродажба. Со тоа Македонија ќе добие интегриран систем за пласман на земјоделското производство што ќе го намали бројот на учесниците во синџирот на набавка и ќе овозможи поповолна цена за земјоделските производители, но и механизам за воспоставување фер и амортизација на ценовните шокови во периодот на пазарни вишоци, рече Груевски.
Тој посочи дека од суштинска важност е што на едно место ќе се соберат производителите и откупувачите во поголем број што, како што додаде, ќе го зголеми потенцијалот за постигнување конкурентни пазарни цени што ќе ја сведе на минимум можноста за договарање и рушење на цените.
- Предноста на аукцијата е што има можност да влијае на цената на определен производ во насока на заштита на производителите и доколку на аукцијата има поголема понуда во еден ден, а недоволно побарувачи тогаш складирањето на производот може да се продолжи за да не падне цената и да се понуди во некои од следните денови кога е предвидено тргување. На овој начин се овозможува регулација на цените на свежото овошје и зеленчук во текот на сезоната, рече Груевски.
Тој нагласи дека во агро бизнис зоните ќе може да се врши поединечна продажба, блок продажби кои даваат можност за купување од дома и најавена продажба која значи дека купувачот понудува цена за одредена количина за производ што очекува да го добие во одреден конкректен временски период.
За функционирањето на Агро бизнис зоната ќе биде воспоставен оператор односно аукциска куќа што ќе биде во мнозинско државна сопственост и која ќе се занимава со прием на земјоделски производи. По завршувањето на дневната берба, калибрирање, пласирање, пакување и ладење, откако ќе пристигнат производите во центарот во рок од два часа по што се складираат и разладуваат во текот на ноќта на температура до 4 степени за да се продолжи времетраењето на производот, но ќе врши и определување на цената по примерот на функционирањето на Агро берзата во Холандија, со саат и негативна лицитација.
- Цената почнува од највисока па се спушта зависно од квалитетот, понудената количина и бројот на купувачи. Ќе почнува со работа во раните утрински часови каде ќе се определува цената на производите. По дефинирањето на цената ќе се дистрибуира до крајните корисници во Македонија или на пазарите надвор, рече Груевски.
Аукциската куќа, односно државната компанија за продажба и промоција на земјоделски призводи одговорна за управување со аукциската куќа, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде задолжена за креирање и спроведување комерцијални проекти, но и за брендирање на македонските земјоделски производи, што ќе биде користено за комерцијални цели.
- Аукциската куќа ќе нуди зеленчук и овошје во различни денови и ќе се врши продажба на различни производи односно ќе има денови за продажба на овошје и денови за продажба на зеленчук, рече Груевски.
Појасни дека зеленчук и овошје производителите ќе можат да носат на аукција еден ден пред продажба, а контролите за квалитет ќе ги испитуваат и оценуваат производите и ќе ги означуваат според производител. По увидот и определувањето на класата на производот веднаш ќе биде складиран во ладилник.
- Производите ќе се продаваат во продажната соба со часовникот. Овој часовник дава различни информации повремено - за квалитетот, цената, количестовто итн., а секој купувач ќе има електронски систем со кој ќе биде приклучен и преку кој учествува во системот на купување бележејќи ја количината и видот на производот што го купува, рече Груевски и додаде дека ќе може да се купува и на лице место, но и преку интернет.
Во агро берзата ќе биде решена и дистрибуцијата на производите, а на вилушкарите ќе има безжичен компјутерски терминал со цел да се достават производите во продажбата на секој соодветен купувач и да бидат испорачани квалитетно, брзо и квалитетно. На аукцијата, додаде, ќе можат да тргуваат и брокери, но и купувачи самите за себе.
Истакна дека холандската агро бизнис зона, по чиј терк ќе се прави и македонската, е лидер на европскиот пазар и е создадена од 29 илјади компании чие производство има од 7,9 милијарди евра и учествува со 40 отсто во вкупното земјоделско производство во Холандија кое претставува главен светски извозник на свежи земјоделски производи. Слични вакви центри има и во Унгарија, во Италија и во Белгија.
Потсети дека претходно најави уште две земјоделски мерки од кои првата беше можност за 80 отстотна поддршка од државата за воведување систем капка по капка и ископ на нови бунари, а втората за земјоделски советници кои ќе обезбедуваат квалитетни совети за земјоделците.
- Задачата на политичарите е да создаваат, да градат и да оставаат работи кои ќе бидат корисни за народот. Тие се добри онолку колку што проблеми можат да решат. Ние од ВМРО-ДПМНЕ се мериме со работа, со проекти. Тоа е нашиот приоритет, а тоа е и работа која им е неопходна на граѓаните, порача Груевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осомничениот за нападот во Магдебург дејствувал сам, соопшти полицијата
-
Рама: Тик Ток повеќе нема да постои во Република Албанија
-
Пентагон соопшти дека е убиен еден од лидерите на „Исламска држава“
-
Божиќна порака на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов
-
Претреси во Тетово и тетовско, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника | ФОТО
-
Анкета на МКД.мк - убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски
-
Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата
-
„ЕУ Обсервер“: Одложувањето на проширувањето на ЕУ ја зголемува економската нееднаквост на Балканот