Посебен режим на сообраќајот поради тридневна посета на претседателот на Големото национално собрание на Турција
Во земјава денеска во официјална тридневна посета ќе престојува делегација предводена од Нуман Куртулмуш, претседател на Големото национално собрание на Република Турција
Како што информираше собраниската прес-служба, Куртулмуш ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на Собранието Африм Гаши, а ќе се сретне и со пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција. Предвидено е Куртулмуш да се потпише во Книгата на впечатоци и да има изјави за медиуми.
Како што информираат од Големото национално собрание на Република Турција, Куртулмуш ќе се сретне и со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Силјановска Давкова.
На средбите, како што се наведува во најавата објавена на Големото национално собрание, ќе се разговара за глобалните и регионалните прашања, како и за билатералните и меѓупарламентарните односи.
Поради официјалната посета на делегација предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција од денеска до понеделник во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим.
- СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 21 до 23.12.2024 (од сабота до понеделник) поради официјалната посета на делегација предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, информираа од МВР.
Од СВР Скопје апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.
Ново на Сител
-
ФИФА потпиша договор со Нетфликс за двата следни женски фудбалски мундијали
-
Во Црна Река 64-годишен маж пронајден мртов во автомобил
-
Безбедносни извори: Осомничениот за нападот на божиќниот пазар во Магдебург не бил на листа за надзор како исламист
-
Меџити: Груби не е во Косово, туку во Албанија
-
Укината забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража и на Маврово
-
Два руски аеродрома прекинаа со работа по напади на украински дронови
-
Поголем дел од Скопје без вода, санацијата треба да заврши за најмногу 15 часа
-
Хуманитарни предновогодишни настани за децата на Детската клиника