Промовиран хрватскиот превод на романот „Резервен живот“
На книжевниот фестивал „Еуропеа во дворот“ што го организира хрватската издавачка куќа „Љевак“ во Загреб, беше промовиран преводот на хрватски на романот „Резервен живот“ од Лидија Димковска.
Разговорот со авторката и со преведувачот на романот, проф. Борислав Павловски, го водеше хрватската писателка и критичарка Ивана Бодрожиќ.
Наскоро издавачката куќа „ВБЗ“ од Загреб ќе го објави нејзиниот роман „Скриена камера“ во превод на Борјана Прошев Оливер, која работи и на преводот на нејзиниот најнов роман „Но-Уи“.
Учеството на Лидија Димковска на книжевниот фестивал на проза во Загреб доаѓа по нејзината книжена турнеја низ САД на која го промовираше „Резервен живот“ на англиски јазик и учествата на поетскиот фестивал „Млада месечина“ во Прага и на меѓународната поетска вечер „Транспоезија“ во „Бозар“ во Брисел.
Ново на Сител
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената
-
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
-
Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори