Македонија
12. October 2016 - 10:18

Промотивен настан од проектот „Локална акција за глобална климатска адаптација“

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска ќе присуствува на промотивниот настан од проектот „Локална акција за глобална климатска адаптација“.

Станува збор за проект на Центарот за еколошка демократија „ФЛОРОЗОН“, финансиски поддржан од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје, а кој се организира како дел од националната кампања за адаптација на земјоделството кон климатските промени. 

Настанот на кој ќе присуствува и амбасадорката на Германија Христине Алтхаузер, ќе се одржи на плоштад „Македонија“ во Скопје.