Промоција во офицерски чин на 19 класа и заклетва на 23 класа питомци на Воената академија
Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, денеска ќе се одржи воена свеченост по повод промоција во офицерски чин на 19. класа и заклетва на 23. класа питомци на Воената академија.
На свеченоста, како што е најавено од ГШ на Армијата, ќе присуствува и ќе се обрати претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски.
Ќе присуствуваат и началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, заменик на министерот за одбрана Беким Максути, високи претставници од воениот и дипломатскиот кор од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, семејства и роднини на питомците и други гости.
Во почетен офицерски чин ќе бидат промовирани 42 питомци од 19.класа на Академијата, од кои 30 од Република Северна Македонија, и 12 од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово. Воедно заклетва ќе дадат 28 питомци од 23. класа на Академијата и 31 слушател за потребите на службите во Армијата.
Ново на Сител
-
Папа Франциск: Лицемерните земји кои зборуваат за мир, а произведуваат оружје се виновни за војните
-
Титаниум – нов инстант лоз со возила на Државна лотарија
-
Почина владиката Тимотеј
-
Салах разочаран од Ливерпул
-
Опожарен деловен простор на Адвокатската комора
-
Аморим: Манчестер jунајтед уште долго ќе страда
-
Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано
-
Европскиот совет даде „зелено светло“ на буџет на ЕУ за 2025 година