Промоција на збирката „Зборовите немаат значење“ од Биљана Стојановска
Поетската збирка „Зборовите немаат значење“ на Биљана Стојановска, ќе биде промовирана вечерва во Младинскиот културен центар, во рамки на настанот „Македонска поддршка“, како дел од „БукСтар“, првиот фестивал на европската литература во Македонија.
Збирката во издание на „Антолог“, е дебитантската книга на младата поетеса и новинарка Биљана Стојановска. Промотивна реч на настанот ќе одржи реномираниот поет од помладата генерација Никола Маџиров, кој е еден од рецензентите на книгата. Делови од поезијата ќе читаат писателите Владимир Мартиновски, Ѓоко Здравески, Ана Голејшка и Николина Андова-Шопова, а за музичкиот дел е задолжен Јаков Дренковски.
- Поезијата на Биљана Стојановска е длабок допир со ритуалноста на денот. Обичноста на објектите и нивната конкретна и вербална поврзаност со мигот и со телото на оној што пишува го исцртуваат топлиот амбиент на присуството на една широка љубов, љубов што живее во делбата пред да стане разделба и во припомнувањето пред да стане помнење, вели за поезијата на Биљана Стојановска рецензентот Маџиров.
Според рецензентот Ѓоко Здравески, збирката е сериозна книга од млад автор што многу ветува, а ваквите книги се вистинска реткост во македонската книжевна продукција.
- Треба да се има луцидност да се созерцне во секојдневјето, кое по својата природа е банално, и од него да се создаде мудрост, вели Здравески.
На промоцијата во фоајето на киното „Фросина“ при МКЦ, ќе присуствува авторката, а збирката ќе се продава по промотивна цена.
Фестивалот „Букстар“ е поддржан од програмата „Културни приказни“ и од Европската Унија. Логистичката поддршка е на МКЦ.
Ново на Сител
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец