Промоција на резултатите од проектот на ФАО за агрoеколошко зонирање
ФАО и Министерството за земјоделство денеска ќе ги презентираат резултатите од проектот за техничката соработка „Oценка на земјоделското производство преку национално агроеколошко зонирање и информативен систем за управување со земјишни ресурси, и развој на сценарија”.
Главната цел на проектот е да се подобри земјоделското производство и да се зајакне националниот капацитет преку развивање национални агроеколошки зони и информативен систем за агроеколошки информации и сценарија, кои ќе послужат за донесување одлуки, намалување на климатските ризици и адаптација кон климатските промени на локално ниво.
На настанот се најавени обраќања на министерот за земјоделство Трајан Димковски и на Ченг Фанг, економист и главен технички офицер, ФАО регионална канцеларија за Европа и Централна Азија.
Ново на Сител
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива
-
Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови
-
Парламентарни избори
-
ССМ на протест за 1 Мај
-
Традиционален пикник за 1 Мај
-
Продолжува предизборната кампања
-
Македонија го чека Палевски