-->
-->
Промоција на реновираното ОУ „Карпош“ во кумановско Умин Дол
-->
Во рамки на заедничкиот проект на општина Куманово и Македонскиот Центар за меѓународна соработка, со поддршка на Британската амбсада во РМ, денеска во основното училиште „Карпош“ во кумановското село Умин Дол, беа промовирани реновирани тоалети за училиштето, детски забавен парк со реквизити и партерно уредување на училишниот двор.
Инвестицијата е вредна 3,5 милиони денари, од кои 2 милиони денари се обезбедени од МЦМС, а 1,5 милиони денари од општина Куманово.
- Ова е едно од најодалечените училишта во општината и тука имавме долгогодишен проблем со санитарните јазли и како приоритет на месната заедница беше да се уредат санитарните јазли. Врз основа на мислењето на жителите, заедно со МЦМС го направиме проектот за приклучување на санитарните јазли за училиштето, партерно уредување и уредување на забавен парк за младите од една разбирлива причина,бидејќи ова училиште прв пат за десет години има запишано 23 ученици во прво одделение што покажува тенденција дека се враќа младоста во овој дел на Куманово, изјави градоначалникот на општина Куманово,Зоран Дамјановски.
Димче Митрески,координатор на проектот од МЦМС, објасни дека овој е проект е резултат на форумските сесии кои претходно се одржаа во ова населено место и оти во рамки на проектот вакви иницијативи се спроведуваат и во Горно Којнаре во општина Куманово и во селото Отља.
- Денеска ги пуштаме во свечена употреба избраните проекти на граѓаните, заеднички се израдуваме на тој успех, а исто така да го одбележиме почетокот на новата учебна година, оптимист сум дека вакви иницијативи, вакви проекти, општината и понатаму ќе спроведува каде што граѓаните ќе имаат своето учество, изјави Митрески.
Директорот на кумановското основно училиште, Владимир Јовановиќ, изрази задоволство од реализираните проекти, за кои рече ќе обезбедат услови за подобар престој на учениците.
- Вкупно оваа година има 146 ученици, имаме запишано 23 првачиња заедно со подрачното училиште во село Љубодраг. Секоја година запишуваме повеќе ученици од претходната година, барем последните пет години, изјави Јовановиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија
-
Путин: Трамп направи многу за мирот
-
Израел: Хамас е поразен „секаде каде што се боревме против него“
-
Мерц најави помош од 29 милиони евра за Појасот Газа
-
МП: Венецијанската комисија даде позитивно мислење за предлог законите за јавно обвинителство и за Советот на јавните обвинители
-
ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори
-
Коцевски со писмо до комората бара адвокатите да не го злоупотребуваат предметот Пулс
-
Двајца Срби пробале да шверцаат 23000 кутии цигари во земјава - добија парична казна и протерување од државата