Македонија
8. October 2016 - 9:23

Промоција на прирачник за спортски активности и забавни игри за децата и младите

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието денеска организира промоција на Прирачникот „40 спортски активности и забавни игри за интегрирање на децата и младите”.

На настанот ќе присуствуваат ученици, наставници и директори на основни и средни училишта од земјата, претставници на УСАИД, образовни институции, меѓународни организации, граѓански организации, донаторската заедница и други.

На овој настан, ученици ќе ги демонстрираат спортските активности и забавни игри од Прирачникот кои овозможуваат интеракција помеѓу учесниците од различна етничка припадност и унапредување на меѓуетничката интеграција, а сите посетители ќе имаат можност да учествуваат во истите.