Промоција на поетската збирка „Метрички карван“

Во рамки на манифестацијата „130 години град Гевгелија“ вечер ќе биде промовирано третото издание на „Метрички карван“ - заедничка поетска збирка на 21 поет - десет од Гевгелија и единаесет од Велес.
- По „Метрички карван“ што го организиравме со Кавадарци пред две години и ланскиот со Струмица, ова е трета во низата збирки кои имаат за цел комуникација и вмрежување на современите поети од Гевгелија со нивните колеги од другите градови, во конкретниов случај од Велес, информираат од библиотеката „Гоце Делчев“ од Гевгелија.
Според промотерот Иван Џепароски, карванот како метафора за движењето и доближувањето на различните простори, најдобро ја епитомизира идејата за надминувања на растојанијата.
- На овој начин Гевгелија и Велес стануваат блиски како што стануваат блиски и далеку подалечните простори. Тоа уште во првата половина од минатиот век, со својата хуманистичка и космополитска поезија, го утврди и основоположникот на македонската современа поезија, велешанецот Кочо Рацин, кога пееше „куќа цел свет братски ми е“, истакнува Џепароски во рецензијата.
Ново на Сител
-

„Емирати“ по краткиот прекин, ги продолжува летовите до и од Дубаи
-

Израелската авијација го нападна Техеран, а Иран со дронови Израел и американските бази во ОАЕ и Кувајт
-

Сончевото и релативно топло време го поттикна пролетното будење на овошките
-

Расел победи на првите квалификации во сезоната 2026 во Формула 1
-

Трамп: Куба е пред колапс и бара договор со САД
-

„Емирати“ на неодредено време ги суспендира сите летови до и од Дубаи
-

Една третина од пратениците во ЕУ се жени, во Македонија 37,5 отсто
-

Цената на нафтата надмина 90 долари, најголем неделен раст од 1983 година
