-->
-->
Промоција на поетската книга „Припек на зајдисонце“
-->

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ вечер ќе биде промовирана поетската книга „Припек на зајдисонце“ од Ванчо Накев во издание на „Панили“.
Делото ќе го промовираат Ефтим Клетников и Јован Христовски, а стихови ќе читаат Антонио Павловски и членови на Студиото на Симеон Гаврилов од Штип. Промоцијата ќе биде збогатена со музички настап на Драган Даутовски и Васил Атанасов.
- Ванчо Накев (Штип,1963) живее и работи во Упсала, Шведска. Спаѓа во редот на подвижниците во организирањето на македонската дијаспора во оваа држава. Објавува свои прилози во повеќе шведски гласила. Во 2015 година ја објави стихозбирката „Од спротива“, соопшти „Матица“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
-

Сакам да кажам со Горан Михајловски | Неформално | Sitel Podcast 134
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фалангата во Данска на ЕП
