Промоција на поетската книга „Да не ми е сон“ во Букурешт
Збирката песни „Да не ми е сон“ на писателот од Битола Зоран Пејковски денеска ќе биде промовирана во Букурешт. Стихозбирката ја објави издавачката куќа „F.M. Ciocea“, а на романски јазик е препеана од Дина Кувата.
Од романската книжевна критика и од издавачите во Романија оваа стихозбирка е вреднувана како највисоко поетско достигнување во 2016 година во државите од Балканот и Југоисточна Европа.
Според критичките осврти, „богатиот поетски јазик, милозвучната лирика, неологизмите, совршенството на љубовта и ред други убавини ја разубавуваат поетската книга на Пејковски, а сите тие возвишени нитки придонесоа македонскиот јазик да се слушне и претстави во Романија, во оваа богата земја со култура и традиционални вредности, каде еден период биле присутни и Рајко Жинзифов, Крсте Петков Мисирков и други македонски преродбеници“.
- Тој совршен спој на моќната македонска поезија, таа големина од еден од најплодните автори во Македонија, Зоран Пејковски ги продолжи патиштата на претходниците Македонци кои биле во Романија и создавале. Токму затоа „Да не ми е сон“, или како што звучи на романски „Sa nu - mi fie vis“, отвори уште едно големо поглавје на македонската литература во европски и во светски рамки, а присутноста на Пејковски го говори токму тоа, се нагласува во критичкиот запис во пресрет на денешниот настан во Букурешт.
Зоран Пејковски е автор на повеќе книжевни дела. Од 1995 година е член на Друштвото на писателите на Македонија, членува и во Собранискиот одбор на ДПМ и во Управниот одбор на Македонското научно друштво. Преведуван е на повеќе странски јазици, а за својот книжевен и публицистички опус има добиено повеќе награди и признанија.
Ново на Сител
-
ЈП Македонијапат: Да се остранат возилата на патот скијачки центар Маврово - Бунец преку Никифорово и Леуново
-
Судијка и сопружници сопственици на ланец аптеки обвинети за фалсификување документи и имотна измама
-
Министерката Димитриеска - Кочоска на Форумот „Инвисо“ во Виена
-
Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции
-
Без вода улиците „Јоаким Крчовски“, „Самоилова“ и „Банатска“
-
ТикТок демантира дека кинеската Влада ќе му ја продаде платформата на Маск: Тоа е чиста фикција
-
Во Белград нападнати студенти кои ги блокирале факултетите, шестмина пренесени во болница
-
Трамп: Многу скоро ќе се сретнам со Путин