Промоција на поетската книга „Црно на бело“ од Лидија Димковска
Во киното „Фросина“ во МКЦ вечер ќе биде промовирана новата поетска книга на Лидија Димковска, насловена „Црно на бело”, во издание на ИЛИ-ИЛИ.
„Црно на бело” е прва книга во новата едиција на ИЛИ-ИЛИ насловена „Поеза”, како логично надоврзување на популарната прозна едиција „ПРОаЗА”, во чии рамки досега излегоа и двата романа на Димковска, реизданието на „Скриена камера” и наградуваниот роман „Резервен живот” (награда за литература на Европската унија и „Стале Попов” на ДПМ), информира издавачот.
Излегувањето на книгата е помогнато од Министерството за култура на РМ. За книгата ќе зборуваат промоторите Елизабета Шелева, Оливера Ќорвезироска и Гоце Смилевски, а на публиката ќе и се обрати и авторката низ стихови и одговори на прашањата за нејзината нова поетска книга, по пауза од седум години.
Ново на Сител
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН
-
9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот
-
Пратенички прашања: Од резолуцијата во ОН, преку Коцевски, до кој какво млеко пие
-
Уште 8 амбасадори се пакуваат за дома
-
Заменик градоначалникот на Скопје си поднесе оставка - Арсовска тврди дека таа го разрешила
-
Македонија сака да увезува отпад од ЕУ - Пратениците расправаат за последиците од аерозагадувањето