Македонија
11. September 2017 - 8:25

Промоција на Меѓународната класификација на функционирање „Види го детете, не попреченоста“

Под мотото „Види го детете, не попреченоста“ канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје денеска ќе ја промовира македонската верзија од Меѓународната класификација на функционирање која се очекува да направи промена во начинот на кој гледаме и одговараме на потребите  на децата со попреченост.

Како што информираат од УНИЦЕФ, покрај обраќањето на претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс, предвидено е присуство и обраќање на претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.

Настанот според УНИЦЕФ го одбележува и почетокот на нова фаза од кампањата на „Биди фер. За детство без пречки“.