Македонија
6. December 2017 - 8:38

Промоција на книгата за деца „Мали огласи и уште по нешто“

Литература.мк во нивната книжарница вечер од 19 часот ќе ја промовира книгата „Мали огласи и уште по нешто“ од српскиот автор Дејан Алексиќ кој ќе присуствува на настанот.

Оваа негова забавна книга со приказни во стих во Србија ја доби наградата „Доситиеево перо" во категоријата изданија за млади. Препевот на македонски е на Владимир Мартиновски, а илустрациите се на Александра Филипоска.

- Со своите „Мали огласи", Дејан Алексиќ ќе го допре и најзаспаниот нерв на секој што длабоко во себе е дете и ќе го подигне да ги согледа и да ги поврзе односите во калеидоскопското шаренило на фантазијата и реалноста, соопшти Литература.мк. 

Книгата ќе ја промовира Оливера Ќорвезироска, а извадоци ќе читаат актери од Театарот за деца и младинци.