-->
-->
Промоција на книгата за деца „Мали огласи и уште по нешто“
-->
Литература.мк во нивната книжарница вечер од 19 часот ќе ја промовира книгата „Мали огласи и уште по нешто“ од српскиот автор Дејан Алексиќ кој ќе присуствува на настанот.
Оваа негова забавна книга со приказни во стих во Србија ја доби наградата „Доситиеево перо" во категоријата изданија за млади. Препевот на македонски е на Владимир Мартиновски, а илустрациите се на Александра Филипоска.
- Со своите „Мали огласи", Дејан Алексиќ ќе го допре и најзаспаниот нерв на секој што длабоко во себе е дете и ќе го подигне да ги согледа и да ги поврзе односите во калеидоскопското шаренило на фантазијата и реалноста, соопшти Литература.мк.
Книгата ќе ја промовира Оливера Ќорвезироска, а извадоци ќе читаат актери од Театарот за деца и младинци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Решенијата за проблемите во АД Пошта се бараат со помирувач определен од МТСП
-
Собранието ја почна втората седница
-
Додека јадела ја тепал па ја задушил, внук ја убил својата баба
-
Гаши се поправи: Мојата татковина е Северна Македонија
-
Бајден денеска во Париз ќе се сретне со Зеленски
-
Приведен Косовец за поткуп на Долно Блаце
-
Пријави за змии во дворови на болница и факултет во Скопје
-
Макрон: Франција на Украина ќе и испрати борбени авиони „Мираж“