Промоција на книгата „Творби (книжевно наследство)“ од Константин Тренчев

Во Музејот на македонската борба вечер ќе биде промовирана книгата „Творби (книжевно наследство)“ од Константин Тренчев (1895-1969), општественик, родољуб и лекар.
Со оваа книга Тренчев се открива и како книжевен творец и во неа е објавено неговото целокупно досега познато ракописно книжевно наследство.
Константин Тренчев е еден од првите македонски доктори, хуманист, патриот и национален деец. Заедно со неколкумина истомисленици, меѓу кои д-р Константин Терзиев од Кукуш и д-р Васил Иванов од Струмица, е еден од основачите на ВМРО 1945, и е еден од потписниците на Меморандумот до големите сили и до ООН за создавање самостојна и независна држава Македонија. Учествувал во Првата светска војна, а медицина дипломирал во Виена.
Тренчев се занимавал и со литературно творештво и оставил богат творечки опус, досега речиси непознат за литературната наука и за литературната јавност. Автор е на четири драмски дела (од кои едното е исчезнато при полициските конфискации на сѐ што напишал), поезија и прозни творби. Со творештво се јавува на почетокот на втората декада на 20 век.
Во книгата се објавени седумдесетина песни и една поема, три драмски текста, записи за историјата и за општествено-политичките состојби во Македонија во дваесеттите години на минатиот век, раскази, автобиографски белешки и прилози.
Книгата ќе ја промовираат проф. д-р Владо Поповски, историчар, и проф. д-р Васил Тоциновски, писател и книжевен историчар, кој е и автор на обемната студија во книгата која се однесува на книжевната оставина на Тренчев. Музички настап ќе има Драган Даутовски.
Ново на Сител
-

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови
-

Истражување: Честото пиење алкохол носи поголеми опасности од мозочните удари
-

Бројот на жртви од Домот за стари лица во Тузла се искачи на 13, истрагата откри сериозни пропусти
-

Царинска управа: Запленето злато, 37.500 евра, „Ејпл“ уреди, тутунски производи и парфеми | ФОТО
-

Претрес во Гевгелија, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице
-

Тракторист загина во несреќа во кавадаречко
-

Спасовски: Резултатот на СДСМ е дно
-

Трамп и Орбан ќе се сретнат во Белата куќа, руската нафта и билатералната соработка меѓу темите
