Промоција на „Јас и Лин, отпосле“ од Ана Стојаноска
На Факултетот за драмски уметности вечер ќе биде промовиран романот „Јас и Лин, отпосле“ од Ана Стојаноска во издание на „Блесок“.
- Откако романот беше пуштен во продажба во јуни 2016 година до денес, неговата промоција е водена на несекојдневен начин за македонската книжевна и издавачка практика. Првата објава е на социјалните мрежи и авторката побара од секој што ќе ја прочита да даде мислење, импресија, впечатоци во пишана или снимена форма. На тој начин, романот сам си ја диктираше својата промоција. Од собраните материјали е направен краток промотивен филм, што публиката ќе има можност да го види на самата промоција, соопшти издавачот.
Писателката Оливера Ќорверзировска во рецензијата за романот напиша дека романот „Јас и Лин, отпосле“ е „неодоливо, несовршен роман“, кој може да се дефинира како љубовен роман.
Меѓутоа, вели рецензентката, „оваа едноставна констатација колку што го опишува, исто толку и го навредува впечатливото и помамно прозно писмо зад насловот. Оти му е малку на текстот да биде љубовен, оти ѝ е малку на Стојаноска да биде само романсиер“.
Ана Стојаноска (1977), театролог, вонредна професорка на Факултетот за драмски уметности. Дипломирала на Филолошки факултет во Скопје, на отсекот за општа и компаративна книжевност (2001). Постдипломските студии по театрологија ги завршила на ФДУ, каде што магистрирала (2003) и докторирала (2007).
Ново на Сител
-
Прв Интернационален Филм Фестивал за Арт Терапија во Скопје
-
Андоновски: Забрануваме 173 нови нелегални приредувачи на онлине игри на среќа
-
Зајакнување на соработката меѓу армиите на Македонија и на Унгарија
-
Јаневска: На 1 септември ќе ги има сите учебници | ВИДЕО
-
„Ниту една казна нема да биде доволно“ - Обвинителството бара доживотен затвор за убијците на Вања и Панче
-
Во домот на напаѓачот во Грац пронајдено проштално писмо
-
Илјадници протестираа во Њујорк против имиграциската политика на Трамп
-
Турската полиција уапсила над 270 криумчари и над 1.000 илегални мигранти во последниве две недели