Македонија
28. October 2015 - 8:19

Промоција на две публикации од областа на правосудството

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска ќе ги промовира публикациите „Пресуди во врска со дискриминација од судската пракса на Европскиот суд за човекови права и Судот на правдата на Европската Унија“ и „Практикум на Законот за заштита и спречување од дискриминација“.

На промоцијата ќе присуствуваат претседатели на судови, судии, јавни обвинители, адвокати, претставници од домашни и меѓународни институции, организации од областа на правосудството со кои Академијата има повеќегодишна соработка, претставници на Комисијата за заштита од дискриминација и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Најавено е обраќање на директорката на Академијата Анета Арнаудовска, на шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорката Нина Соумалајнен и на претседателот на Комисијата за заштита од дискриминација Душко Миновски.