Македонија
10. May 2018 - 8:32

Промоција на „Дискурс и екскурс“ од Ангелина Бановиќ-Марковска

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ денеска напладне ќе биде промовирана книгата „Дискурс и екскурс“ од Ангелина Бановиќ-Марковска, која ја доби наградата за литературна критика „Димитар Митрев“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2017 година.

Ангелина Бановиќ-Мароковска е есеист, критичар и редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Застапена е во меѓународни зборници и списанија, во Македонија и во странство и соработник на неколку национални и меѓународни научно-истражувачки проекти. 

Автор е на седум книги и две антологии, меѓу кои „Политика.Култура.Идентитет“, „Групен портрет“, „Хипертекстуални дијалози: интертектуалноста и јужнословенскиот литератутен 20 век“.