Македонија
17. November 2018 - 11:47

Промоција на директна авионска линија Охрид – Виена

На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ денеска попладне ќе слета првиот авион на компанијата „Визер“ на новата редовна авионска линија од и кон Виена.

Покрај сезонските, тоа ќе биде третиот директен редовен авионски лет што оперира од охридскиот аеродром, заедно со веќе воспоставените кон Цирих и Базел. Директна авионска линија од Охрид има и кон Лондон, но поради слаб интерес таа е во мирување до 2 април идната година.

Предвидено е на аеродромот првите патници од Виена да ги пречекаат Алпер Ерсој, генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Љупчо Јаневски, директор на Агенција за туризам, како и градоначалниците на Охрид и на Струга Јован Стојаноски и Рамиз Мерко. а