-->
-->
Промоција на бизнис и туристички можности во Иран
-->

Можностите за соработка во повеќе области - економија, туризам, култура, како и отворање македонска амбасада во Техеран биле тема на разговорите во Техеран на министерот за надворешни работи Никола Попоски со неговиот ирански колега Џавад Зариф, на чија покана престојува во официјална посета на Исламска Република Иран.
Како што соопшти МНР, во рамки на посетата, која е прва од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, министрите Зариф и Попоски размениле видувања и за регионалните предизвици, мигрантската криза и тероризмот како закана на Блискиот Исток и во Европа.
Во економскиот дел од посетата, се одржа бизнис форум во Иранската комора за индустрија, трговија, рударство и земјоделие со присуство на дваесет македонски и триесет ирански компании од областа на металопреработувачката и електро индустрија, нафтената индустрија, туризам, прехранбена индустрија и градежништво. Во таа пригода беше склучен меморандум за соработка помеѓу компании од прехранбениот сектор во двете земји. Во рамки на посетата, презентација на инвестициските и извозни можностите имаше и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз Висар Фида, а беа остварени и директни средби помеѓу потенцијалните бизнис партнери од двете страни.
Покрај средбите со домаќинот, Попоски беше примен и од претседателот на државата др. Хасан Рухани и од претседателот на иранскиот парламент, др. Али Лариџани. Тој имаше средба и со министерот за култура и исламско водство Али Џанати со кого ја потпишаа Програмата за културна и уметничка соработка меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура и исламско водство на Исламската Република Иран за периодот до 2020 година. Се планира одржување на денови на иранска и македонска култура во Скопје и Техеран, преведување на книги на македонски и фарси, размена на учество на филмските фестивали што се одржуваат во двете земји, се наведува во соопштението од МНР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На Табановце зголемена фреквенција на возила за влез и излез од државата
-
Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
-
Дисциплинска комисија на ФФМ: Одземени 9 бода на ФК Гостивар и десет натпревари забрана за настап на свој терен
-
САД се повлекуваат од посредништвото во мировните преговори меѓу Украина и Русија
-
Приведен 32-годишен криминалец од Скопје баран со потерница за затворска казна од две години
-
Кривична против полициски службеници од сообраќајна патрола во Скопје за „попречување на правдата“
-
Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари
-
Сите 80 општини поднеле апликации за реализација на проекти од вториот владин повик