Промоција на анализата „Сликата за Ромите во македонските медиуми"

Тркалезна маса и промоција на анализата „Сликата за Ромите во македонските медиуми“ на новинарката и публицист Севдија Д. Абдулова ќе се одржи денеска во Скопје.
Анализата е направена со претходен едномесечен мониторинг на македонските електронски, пишани и интернет медиуми каде беа опфатени сите национални, регионални и локални медиуми.
„Сликата за Ромите во македонските медиуми“ е студија која е прва од ваков карактер во чија изработка учествуваа Роми аналитичари и монитори.
Публикацијата е издадена во рамки на проектната активност на Едукативниот и медиумски развоен центар на млади Роми „Асоцијација 24вакти”, која е составен дел на проектот Заедничка иницијатива за зајакнување на ромското граѓанско општество на Западен Балкан и Турција поддржан од Европската комисија.
Ново на Сител
-

САД повторно ги ставија на чекање мировните преговори меѓу Украина и Русија поради војната во Иран
-

Хегсет: Трамп ќе ги диктира условите за предавање на Иран
-

Филипче: Да се намали ДДВ-то за горивата од 18% на 5%, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната
-

Инфлација од 2,9 отсто во февруари
-

Осум пријавени настани со семејно насилство, приведени шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко
-

Вработена од ДЗС Кочани: За Пулс не сум добила никаква документација, подрачното одделение Кочани нема инспектор за заштита и спасување
-

Метеж на бензинските, граѓаните брзаат да ги наполнат резервоарите
-

Во Штип одбележани 83 години од депортацијата на Евреите
