Променливо со слаби локални дождови и снег на планините

Денес и утре во Македонија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а особено денес ќе има услови за локални послаби врнежи од дожд и од снег во пониските места (градовите) и слаби врнежи од снег на повисоките населени места и на планините.
Особено во западните предели денес ќе дува западен ветер со слаб до умерен интензитет и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
Во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Особено утре вторник 3 февруари ќе засилува ветер од југоисточен правец.
Што се однесува до температурите тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат околу и за неколку степени под нулата а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 денес а утре тие ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени.
Во Скопје и околината денес температурата ќе се искачи до околу 6 степени а утре таа ќе биде малку повисока и ќе се искачи до околу 10 степени.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
