Променливо облачно со врнежи од дожд
Времето во земјава ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои на места, особено во источните делови повремено ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. На планините во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер. До вечерните часови врнежите речиси на секаде ќе престанат, така што за време на Новогодишната ноќ во најголем дел од земјава ќе биде суво, освен во крајните западни подрачја каде се уште ќе има услови за слаб дожд, а на планините слаб снег.
Утринската температура ќе се движи од 5 до 11, а дневната од 9 до 15 степени.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 7, а дневната ќе достигне 13 степени.
Во петок и сабота времето ќе биде стабилно, претпладне со услови за слаба магла по одделни котлини, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Нови пообилни врнежи се очекуваат од недела.
Ново на Сител
-

Петрушевски: За СДС, ДУИ и Таравари одговорност постои само кога не се работи за нивните кадри
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
-

Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје
