Мицкоски: Владата ќе интервенира со дополнителни мерки, една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе интервенира со дополнителни мерки по продолжувањето на растот на цената на горивата. Се анализира дали мерките ќе бидат таргетирани или генерални како претходно. Една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата. За преземање на овие чекори, како што изјави денеска Мицкоски, има правни механизми по прогласената кризна состојба.
- Ја следиме состојбата, како Влада веќе донесовме мерка со намалување дел од акцизите за бензините и за дизел-горивата, за жал, цената на берзите расте, денеска повторно се доближува до психолошката граница од 100 долари за барел, воените дејства во Заливот се вжештуваат, се интензивираат, така што очигледно повторно нè очекуваат предизвикувачки денови. Се разбира дека ние како Влада ќе интервенираме со дополнителни мерки, дополнително ги анализираме дали ќе бидат таргетирани, дали генерални, како што беше и претходно. Но, важно е дека имаме основа - прогласивме кризна состојба на целата територија на државата до октомври и ги имаме сите правни механизми за да се преземе овој чекор - изјави Мицкоски прашан дали по неодамнешната средба со производителите, дистрибутерите и трговците за цените на основните производи има основа за мерки.
Прашан дали има услови да се намали ДДВ на горивата, посочи дека тоа е една од опциите и, како што рече, е можеби најмалку поскувана опција бидејќи се одразува на приходите во буџетот, но најважен е стандардот на граѓаните.
- Да, се разбира, и тоа е една од опциите, тоа е можеби најмалку посакувана опција од аспект на тоа дека сите денеска зборуваат за расходите, а никој не зборува за приходите. Намалувањето на ДДВ-то би било директно на приходите, но нам ни е важен стандардот на граѓаните. Сакаме како Влада секогаш кога е тоа потребно, на граѓаните да им излеземе во пресрет, така што една од опциите е и таа - рече Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на реконструиран базен во Кавадарци.
МИА
Ново на Сител
-

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 избори финале на Светскиот куп во Будимпешта
-

Пепи Велков обезбеди финале, утре ќе се бори за злато против Украинецот Кобзиев
-

Уапсен 27-годишен тетовец, на жена и украл ташна со лични предмети на бензинска
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
-

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
-

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии
