Променливо облачно со умерен југоисточен ветер, попладне на места можни врнежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно и со малку пониски температури. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно и во вид на невреме.
Максималната температура ќе се движи во интервал од 26 до 31 степени.
Во Скопје и околината променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен југоисточен ветер. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има појава на повремено пороен дожд и услови за појава на грмежи. Темепратурата ќе достигне до 29 степени.
Во вторник ќе биде облачно и нестабилно, наместа со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, понекаде процесите ќе се поинтензивни и во форма на невреме. Дневната температура, особено на северот, ќе биде позначително пониска.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?