Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла по котлините
Претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 14 степени.
Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, а преку денот ќе преовладува променливо облачно време со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 10 степени.
Според прогнозата на УХМР, до сабота во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност.
- Во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела ќе има повремени врнежи од дожд. На планините, а во недела и на некои од повисоките места, врнежите ќе бидат од снег. Во недела попладне и во понеделник ќе дува засилен северен ветер, соопшти УХМР.
Ново на Сител
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Дел од синдикатите на средба со претседателот на Комисијата за економски прашања
-
Банско криe богата средновековна историја
-
Преглед на вестите од светот
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник