Променливо облачно со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд
Претпладне денеска по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а преку денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 10 степени.
Според пргнозата на УХМР, утре (понеделник) времето ќе биде облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд и услови врнежите повремено да преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
-Од вторник ќе има постепено разведрување, а од среда времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Ново на Сител
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин