Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Од пладневните часови ќе има зголемена облачност од која понекаде во планините е можна и појава на слаб краткотраен дожд. Минималните температури од 2 до 10 степени, а максималните од 18 до 25 степени.
Во Скопје, сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има краткотрајно зголемување на облачноста. Температурата во интервал од 8 до 21 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со мала до умерена облачност и со свежи, на места и студени утра. Дневната температура ќе биде без значителни промени. Од вторник облачноста сосема ќе се намали и од среда до крајот на работната недела па и во првиот ден од викендот ќе биде претежно сончево и малку потопло.
Ново на Сител
-
Охрид полн со гости за Илинден
-
Министри во трка за локалните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?