Променливо облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 15 l/m2). Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната од 18 до 22 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 20 степени.
Според УХМР, во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до крајот на седмицата ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h).
МИА
Ново на Сител
-

Хаџи Василева останува предметен обвинител во случајот со судијата Ристов - најавува и поактивно обвинителство
-

Тема на денот со Искра Хаџи Василева, шефица на ОЈО ГОКК
-

Девет полицајци кривично ќе одговараат за непостапување за смртта на Росица Коцева од Велес
-

На новороденче на Гинекологија му отсекле дел од прст при вадење на инфузија
-

Осум месеци затвор за палењето на дипломатските возила
-

Раководител на технолошка компанија во Грција бил мета на терористичката ќелија
-

Нови меѓусебни обвинувања за Алта Банка
-

„Избриши го видеото или сите ќе умреме уште вечерва“ - Бугарскиот јутјубер Цанов објави нови пораки од Михаилова
