Променливо облачно со локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 50 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Од вторник ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник и во вторник наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи од дожд.
МИА
Ново на Сител
-

Шекеринска: Со компромис и нудење решенија - побрзо до ЕУ
-

Извештај на ЕК: За Кос се зависи од Македонија
-

Тема на денот со Радмила Шекеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-

Преглед на вестите од светот
-

Извештај на ЕК: За Кос се зависи од Македонија
-

Научната заедница: Бугарија ќе продолжи со блокадите и по уставните измени
-

Алта Банка утре ги отвора вратите во главната филијала во Битола, но само за исплата
-

Трагедија во Богданци, две лица пронајдени мртви, едното во опожарен автомобил
