Променливо облачно, претпладне со магла по котлините
– Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени Целзиусови.
Во Скопје изутрина ќе има појава на магла и ниска облачност, а преку денот ќе биде променливо облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до петок ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и пониска дневна температура. Во сабота кон крајот на денот и во недела ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Ново на Сител
-
Пронајдени 10 пакувања со марихуана кај 18-годишник
-
Уапсени тројца кавадарчани кои краделе од плантажа на компанија
-
Ватикан: Папата Франциск е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ
-
На Попова Шапка и Лазарополе утрово најстудено
-
Два златни медали за македонската репрезентација во џуи џицу на „Словенија Опен“
-
Претрес во Тетово, одземени марихуана и дробилки со остатоци од марихуана
-
Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија
-
Прва АТП титула за Чехот Махач