Променливо облачно, магла и повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, долж Повардарието и по одделни котлини со појава на магла. Попладне во западните и северните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен до југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени, соопшти УХМР.
Во Скопје променливо облачно и наутро магливо, преку денот со услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок и во сабота претпладне. Нов влажен бран со врнежи претежно од дожд, само на високите планини од снег ќе започне од сабота кон крајот на денот, а повремено пообилни врнежи ќе има во ноќта во недела и недела. Во понеделник ќе биде постудено, со услови за врнежи од дожд со слаб интензитет, а слаб снег ќе провејува на планините и понекаде во повисоките места.
Ново на Сител
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
-

Бубрежна хронична болест, гојазност и дијабет – коморбидитети кај починатите од западно-нилска треска
-

Камионџиите повторно на протест - 30 отсто од капацитетите веќе не сообраќаат редовно
-

Климатските промени сериозна закана за производството на храна и аграрот
-

Преглед на вестите од светот
