Променливо облачно и врнежливо време
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно. Во утринските часови локално се уште ќе има слаби врнежи од дожд, особено во западните делови на земјава, а преку денот ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, само во крајните југозападни делови на земјава повремено ќе се засилува.
Утринската температура ќе се движи од четири до девет, а дневната од 14 до 20 степени.
Во Скопје во утринските часови времето ќе биде променливо облачно, преку денот ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и северен правец.
Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 17 степени.
Во сабота ќе преовладува претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, само на повисоките планини ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен наместа повремено и засилен ветер од северозападен правец.
Во недела и во понеделник ќе преовладува стабилно, суво и малку потопло време со мала до умерена локална облачност.
Ново на Сител
-
Средба Муцунски – Гераптритис во Атина
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска