Променливо облачно, дневната температура до 15 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локалeн дожд, а на повисоките планини слаб снег.
Ќе дува слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла, а кон крајот на денот со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 11 степени.
Според прогнозата на УХМР, во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.
-Во недела врнежите наместа ќе бидат пообилни, а поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе бидат претежно од снег. На повеќе места се очекува да се формира снежна покривка, а на планините позначително да се зголеми. Повремен снег ќе има и во понеделник, а потоа ќе преовладува стабилно и студено време, соопшти УХМР.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
