Промени и во регионот: Од 1. јули ќе следува надомест за трето и четврто дете
Од 1 јули родителите во Србија за трето дете ќе добиваат месечно по 12.000 динари во наредните десет години, а за четврто дете 18.000 динари, изјави министерката задолжена за демографија и популациска политика Славица Ѓукиќ Дејановиќ.
Таа појасни дека привршуваат законските измени кои го регулираат прашањето на финансирањето, односно Законот за финансиска поддршка на семејството и Законот од сферата на биомедицински потпомогнато оплодување.
– Тоа се мерки кои директно ја ублажуваат економската мерка за воспитување на децата, и тоа третото и четвртото дете. Ако мајката во блиска иднина роди трето и четврто дете, таа ќе има 30.000 динари (околу 250 евра) со цел животниот стандард на третото и четвртото дете да биде како и на првите две – појасни Ѓукиќ Дејановиќ по објавувањето на конкурсот за распределба на средства на општините за поттик за раѓање.
Една од мерките за стимулација која треба да се примени е и таа која се однесува на жените кои родиле дете во постапка на вонтелесно оплодување дека имаат право на уште три обиди на трошок на државата.
Право на аплицирање имаат родителите кои добиле трето или четврто дете од почетокот на годинава.
Ново на Сител
-
Меџити: Времето е за работа, ред и развој, време е за Чаир
-
Можноста за воведување на нови авиолинии, тема на средбата меѓу вицепремиерот Николоски и шведскиот амбасадор Солстром
-
Пленковиќ: Не е прашање дали, туку кога Хрватска ќе ја признае Палестина
-
Уште еден случај на затруено дете во Куманово
-
Трамп денеска со Нетанјаху во Белата куќа за мировен договор за Газа
-
Скопјанка измамена за 18.000 денари при изнајмување стан, депозитот го оставила во сандаче
-
Келог: Трамп ѝ даде „зелено светло“ на Украина за напади длабоко во територијата на Русија
-
Тешко повредени двајца малолетици откако со возило излетале од патот