Промена на временските прилики, попладне дожд и снег
Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно, а попладне ќе има повремени врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на планините ќе има и појава на повремен снег. Преку денот ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен западен ветер кој до вечерните часови ќе преминува во постуден северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 15 до 23 степени.
Во Скопје слично време, претпладне променливо облачно, попладне со услови за повремен дожд со можна појава на ретки грмежи. Претпладне ќе дува западен, а попладне северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе достигне до 21 степен.
Утре дневните температури позначително ќе опаднат и ќе се движат во интервал од седум до 14 степени. Ќе има и услови за појава на повремен дожд претежно во југозападните делови од земјата. На палнините на југот понекаде ќе има и врнежи од снег.
Во периодот до крајот на работната недела ќе преовладува стабилно време со пониски утрински температури. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст и од среда ќе започнат да надминуваат 20 степени.
Ново на Сител
-
Kомеморација по повод 82 години од холокаустот на македонските Евреи
-
Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Азербејџан
-
Пред пратениците петте интерпелации на членовите на Судскиот совет
-
ЕУ организира комеморација за жртвите на тероризмот
-
Србија: Студенти ги блокираа влезовите на РТС и РТВ, полицијата е распоредена во двете згради
-
Новинарите во Грција започнаа 24-часовен штрајк
-
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница