Пролетва под ориз ќе бидат насеани 5.000 хектари
Водостопанство Брегалница од Кочани пролетва ќе наводнува 5.000 хектари под ориз на површини кои ги опфаќа Хидросистемот „Брегалница“ во општините Виница, Кочани, Штип и Пробиштип.
- Површините за годинава се зголемени на барање на земјоделците одгледувачи на ориз. Екипи од Водостопанство Брегалница од Кочани, кое стопанисува со хидросистемот, се на терен и работат на санирањето на каналската и друга дистрибутивна мрежа. Договорено е сезоната за наводнување да почне на 15 април, изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство од Кочани.
Гоцев информира дека акомулациите Ратево, Калиманци и Градче можат да ги прифатат водите од реките од регионот и од топењето на снегот од планините.
- Што се однесува до ставањето на ред во испраката на вода до водокорисниците, Водостопанство од Кочани ќе почне со склучување договори за испорака на вода за оризиштата. Земјоделците нема да бидат принудувани да склучат договор за користење на вода за наводнување од Хидросистемот Брегалница. Тоа треба самите да го сторат. Во спротивно ќе следуваат казни кои според Законот за водостопанство се движат од 500 до 1.000 евра, прецизира Гоцев.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово е срамна
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата