„Пролет во ноември“ - концерт на Филхармонијата со пијанистот Џорџ Ли
„Пролет во ноември“ е насловен вечерашниот концерт на Македонската филхармонија на кој како солист ќе настапи американскиот пијанист Џорџ Ли, кој минатата година ја доби втората награда на престижниот Меѓународен натпревар „Чајковски“. Тој е и победник на 14. Интернационален конкурс „Анимато“ во Париз и добитник на третата награда на „Шопен“.
- Џорџ Ли се смета за еден од најталентираните и најкреативните млади пијанисти во светот. Заедно со оркестарот на Македонската филхармонија тој ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар бр. 1 во Ц-дур од Лудвиг ван Бетовен кој се смета за едно од омилените дела од овој музички гениј кај изведувачите, соопшти Македонската филхармонија.
Концертот ќе го води американскиот диригент Кејс Скалионе кој, како што посочува критиката, постојано ги импресионира оркестрите од целиот свет со „сензитивни и внимателни изведби на музичките дела“.
На програмата на концертот „Пролет во ноември“ ќе биде изведена и Симфонијата бр. 1 во Б-дур наречена „Пролетна“ од германскиот композитор Роберт Шуман.
Ново на Сител
-
Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници
-
Неготинскиот градоначалник пријавил заканувачки пораки
-
Сообраќајка помеѓу четири возила на патот Скопје - Велес
-
Меџити нема информации дали бил прислушуван од АНБ
-
10-годишно дете нападнато од двајца соученици, едниот од нив снимал со телефон
-
Руте: Мир ќе обезбедиме преку сила
-
Кавадарчанец пронајден починат во викендичка, телото на обдукција
-
Прекумерната употреба на лекови за болка ја зголемува отпорноста кај бактериите кон лекови