Балкан
28. March 2017 - 15:34

Прокурдска партија тврди дека е под „медиумско ембарго“

Главната прокурдска партија во Турција соопшти денеска дека е под „медиумско ембарго“ што влијае врз нивната кампања против уставната реформа со која се бара зголемени овластувања на турскиот претседател.

Демократската партија на народите соопшти дека е под „опасно медиумско ембарго за време на решавачки процес што ја определува судбината на Турција“.

Тие наведуваат дека на државната телевизија во периодот од 1 до 22 март 1.390 минути биле посветени за претседателот, 2.723 минути за владејачката Партија на правдата и развојот и 0 (нула) минути за ДНП. Референдумот за уставна реформа ќе се одржи на 16 април.