Производството на канабис го загадува воздухот повеќе од рудниците за јаглен
Легалното производство на канабис во Колорадо емитува повеќе штетни гасови од државната индустрија на рудниците за јаглен, покажува најновото истражување.
Производството и употребата на канабис од медицински или рекреативни причини моментно е легално во неколку американски сојузни држави, што доведе до значителен напредок на индустријата.
Биоекологистката Хејли Самерс и нејзините колеги од Универзитетот во Колорадо ги анализирале нивоата на емисиите на штетни гасови кои доаѓаат од фармите со канабис. Тие откриле дека емисиите варираат од држава до држава, но приближно еден килограм произведен сув цвет емитува од 2,3 до 5,2 тони еквивалент на јаглерод диоксид (CO2e).
Во Колорадо емисиите од фармите со канабис изнесуваат околу 2,6 мегатони CO2e, што е повеќе од оние во рудниците за јаглен со 1,8 мегатони CO2e, пишува Њу сајентист.
– Емисиите кои се создаваат од производството на 28 грама сушено цвеќе се еднакви на оние по согорувањето на 26 до 50 литри бензин, истакна Самерс.
Поголемиот дел американски канабис се одгледува во затворени простории од две причини. Првата е дека некои земји не дозволуваат одгледување на отворено, а втората е дека производителите се плашат од кражба на растенијата. Ова значи дека најголемиот дел од емисиите при производството на канабис всушност доаѓаат од системот за осветлување и контрола на климата.
Експертите затоа советуваат да се премине на одгледување на отворено, бидејќи тоа би ги намалило енергетските потреби и штетните емисии.
Ново на Сител
-
Утре нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Изгоре автомобил во струмичкото село Банско
-
Ангелов очекува по локалните избори да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС
-
На Табановце се чека до половина час, а на Дојран и Богородица до 15 минути
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти
-
Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица