Произведен алкохол што не предизвикува мамурлак
Научниците создадоа нов алкохолен пијалак кој не предизвикува мамурлак.
Новиот тип на синтетички алкохол е развиен за да овозможи уживање во позитивните ефекти што алкохолот ги има на социјалните способности, но овозможува да се прескокне мамурлокот.
Новиот пијалак под името „алкосинт“ е патентиран од професот Дејвид Нат од Империјал колеџот. Тој е синтеза на повеќе од 90 алкосинтски компоненти.
Професорот Нат се надева дека новиот алкохолен пијалок до 2050 година во целост ќе го замени „нормалниот“ алкохолен пијалак.
- Овој алкохол ќе може да се користи во коктели и ќе пружи еднакво задоволство што нема да го оштетува црниот дроб ниту срцето... Индустријата на алкохол е свесна дека за неколку децении таквиот алкохол во целост ќе го замени традиционалниот. Луѓето сакаат да се хранат здраво и сакаат да пијат здрави пијалаци, посочи професор Нет.
Тој во 2009 година е сменет од функцијата советник за лекови во Велика Британија откако изјави дека земањето на екстази е помалку опасно од јавање коњ.
Ново на Сител
-
Зеленски и се заблагодари на ЕУ за 17. пакет санкции кон Русија
-
Јас пцујам ама не крадам | Пeтар Богојески | Неформално | Sitel Podcast 095
-
Подољак: Ништо не се промени по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин
-
Администрацијата на Трамп планира да депортира 200.000 украински бегалци
-
Мицкоски најави нов договор со друга европска држава
-
Љутков: Разловечкото востание е темелот на нашата држава, историја што не смееме да ја заборавиме
-
Мицкоски: Трикови околу цените на храната нема да толерираме
-
Лимани: Над 700 вработувања на Албанци имаше кога бев заменик директор на електрани