Проголтал мобилен телефон и живеел со него во стомакот 16 месеци, лекарите шокирани
По операцијата која траела неколку часа, телефонот е изваден од неговиот стомак и тој моментално се опоравува на одделението за хирургија во Ургентниот центар.

-По операцијата, телефонот е изваден од желудникот. Пациентот се оправува, не е животно загрозен и станува збор за психијатриски случај кој телефонот го проголтал во нервно растројство, велат од КЦ.
Психотерапевтот д-р Зоран Миливојевиќ вели дека психички болните се во состојба да направат чудно работи кога ќе дојде до поматување на свеста.
-Така голтањето мобилен телефон не е ништо ново. Потребно е само да бидат во состојба на психоза, растројство или напад на шизофренија. Болните кои боледуваат од таков вид болести ги следат само своите внатрешни гласови и за да проголтаат мобилен, мора да бидат многу мотивирани. Во состојба се да се обидат повеќе пати додека не успеат. Предметите обично ги подмачкуваат со маст или масло и со помош на некој стап го туркаат до хранопроводникот кој е многу еластичен па затоа такви работи може лесно да стигнат до желеудникот, вели д-р Миливојевиќ.
Тој вели дека пациентот живеел со мобилниот телефон во желудникот, зошто тој поради големината не можел да тргне кон цревата.
Досега во Ургентниот центар од утроба на пациенти ваделе разни предмети, како жилети, славини, моливи, лажици и слично.
Ново на Сител
-
Таравари: Се враќаат пет пациенти од Шпанија и еден од Грција
-
Првиот пациент вратен од лекување: Моите деца се уште имаат татко благодарение на докторите
-
Запленети парфеми, облека, обувки, 323 штеки цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милиони денари
-
Видевски: Го прашав Палчо зошто ја уби Вања, тој само ги крена рамениците
-
Трамп се закани дека ќе го скрати финансирањето на јавните медиумски сервиси
-
Стабилно снабдувањето со јајца на домашниот пазар пред велигденските празници
-
Утрово во Албанија регистриран земјотрес со јачина од 3,2 степени
-
Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами