Прогласување на победниците од вториот конкурс за млад преведувач „Вавилон“
По повод Европскиот ден на јазиците, денеска во ЕУ Инфоцентарот во Скопје ќе бидат прогласени победниците од вториот конкурс на Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“, организиран од Делегацијата на Европската унија и Здружението на преведувачи МАТА.
Целите на конкурсот се да се промовираат младите преведувачи и да се поттикне врвен квалитет при преведувањето литературни дела. Конкурсот е наменет за преведувачи до 26 години кои ќе пријават преводи на литературни дела од некој од 24-те официјални јазици на Европската унија на кој било од јазиците кои се зборуваат во Македонија.
Наградите се состојат од паричен износ од 500 евра, годишно членство во Здружението на преведувачи МАТА и објавување на преводот во списанието „Културен живот“.
Наградите ќе ги доделат евроамбасадорот Аиво Орав, претседателот на Здружението на преведувачи МАТА Ирена Кацарска-Кимова и Огнена Никуљски, професор од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и претседател на организацискиот одбор на „Вавилон“.
На настанот ќе биде најавено и третото издание на Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“ и ќе бидат соопштени детали за критериумите за наградата за 2016 година.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за интерпелацијата на Коцевски, дали државниот Јавен обвинител ќе биде разрешен?
-
Утре состанок на социо-економскиот совет, ССМ ќе бара зголемување на платите за 6000 денари
-
Министерката Јаневска и премиерот на увид во градежните работи во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу
-
„Вкуси го Охрид локално – Празник на локалната храна, културата и занаетчиството
-
Штип „безбеден град“ – инсталација на 24 часовен видео надзор
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ