Прогласување на Цоцев Камен за софистицирана праисториска мегалитска опсерваторија

Светската академија за карпеста уметност денеска ќе го промовира завршениот проект посветен на мегалитите во Македонија и ќе информира за прогласувањето на локалитетот Цоцев Камен за софистицирана праисториска Мегалитска опсерваторија од страна на Националниот центар за научни истражувања во Франција.
Преку проектот јавноста првпат ќе се запознае, преку слика и текст за богатата мегалитска култура на територијата на Македонија од неолитот до новата ера, со што Македонија ќе биде на светската мегалитска карта.
На настанот ќе зборува Душко Алексовски, претседател на Македонскиот центар за карпеста уметност и основач на Светската академија за карпеста уметност, кој е пензиониран универзитетски професор по палеолингвистика на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
