ОН прогласија „црвен аларм“ поради климатските промени

Сите глобални климатски рекорди беа срушени минатата година, предупреди денеска Светската метеоролошка организација (СМО), изразувајќи особена загриженост поради затоплувањето на океаните и топењето на морскиот мраз.
Во својот годишен извештај за состојбата на глобалната клима, СМО истакнува дека просечните температури го достигнале највисокото ниво во последните 174 години мерење – 1,45 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа.
Температурите на океаните беа највисоки во последните 65 години следење и повеќе од 90 отсто од морето доживеа топлотен бран.
„СМО прогласува црвен аларм за светот“, изјави генералниот секретар на СМО, Селест Сауло, која ја презеде функцијата во јануари.
– Она што го доживеавме во 2023 година, особено невидената топлина на океанот, повлекувањето на глечерите и губењето на морскиот мраз на Антарктикот, е причина за посебна загриженост, додаде таа.
Климатските промени, предизвикани од согорувањето на фосилните горива, заедно со климатскиот феномен Ел Нино, соборија рекорди во 2023 година.
Научниците предупредуваат дека 2024 година може да биде полоша бидејќи Ел Нино ги зголемува температурите.
Ново на Сител
-

Македонските кикбоксери со 111 натпреварувачи на „Балкан бест фајтерс“
-

Ердоган по средбата со Путин: Мирот во Украина не е далеку
-

Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) затворен за сообраќај
-

Намалена видливост поради магла во Кичево и Ботун
-

Советници од САД и Украина утре ќе присуствуваат на мировни преговори во Берлин
-

Првпат во Македонија изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација
-

Идната недела сончево и тивко, со надпросечни температури
-

Турнејата на Меси низ Индија започна во хаос, лутите навивачи фрлаа седишта на теренот
