Прогласени најдобрите млади вина
Здружението на винари ги прогласи најдобрите млади вина произведени во домашни услови.
Во категорија црвени вина најдобри се индивидуалните производители Весна Чемерска – Попова, Блаже Стојановски, Пере Пешков, Зоран Марков и Лазар Цветановски, додека во категорија бели, Весна Чемерска – Попова, Гоце Попов и Александар Кимов.
– Почнавме да ја живееме и чувствуваме винската култура. Со мали напори, но големи успеси ќе ја градиме винската култура, винската етика и почитта кон виното, изјави потпретседателот на Здружението, Елена Богева за МИА.
Според претседателката на Здружението, Милица Плетварска, се подобрува квалитетот на вината произведени во домашни услови. Годинава, како што рече, сме на многу високо ниво.
-Ако порано при оценувањето со колегите дискутиравме дали некое вино да го дисквалификуваме, сега кај одредени вина имаме толку тенки линии кои ги делат од врвен квалитет, нагласи поранешниот претседател на Здружението, Игно Тасев.
Професорката Виолета Димовска од Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев”, се осврна на визијата на Здружението на винари и движењето на квалитетот на вината изминативе години. Доминација, рече, имаат црвените вина
Ново на Сител
-
Необичен хуман гест- донација од 200 литри магарешко млеко за опоравување на повредените во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола